Гутереш бара да се стави крај на пандемијата на родово-базирано насилство

Од:

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш посочи дека насилството врз жени и девојчиња ширум светот стои на патот на остварувањата на човековите права и дека пандемијата на коронавирусот го направи овој проблем уште појасен, како и потребата од итно преземање мерки за борба против него.

Во писмената изјава доставена до медиумите по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, Гутереш истакна дека социјалните и економските последици од пандемијата во поголема мерка се рефлектираат кај жени и девојчиња кои ги туркаат во сиромаштија, а ризикот од насилство врз нив станува поголем.

Тој потсети дека во април годинава, апелираше до меѓународната заедница да ја запре оваа тивка пандемија на родово насилство.

„Денеска, повторно, уште погласно го упатувам тој апел“, вели Гутереш, додавајќи дека светската заедница треба да ги слуша гласовите и искуствата на жените и девојчињата и да ги земе предвид нивните потреби, особено кога станува збор за оние кои преживеале насилство или се изложени на повеќекратна или вкрстена дискриминација.

Според него, неопходно е да се стават жените како лидери во потрагата по решенија и да се вклучат мажите во борбата.

Гутереш наведува дека преземените мерки мора да вклучуваат обезбедување предвидливи и флексибилни извори на финансирање за организациите за правата на жените, кои во кризи често реагираат први.

„Од суштинско значење е услугите за жени кои преживеале насилство да останат достапни, со соодветни ресурси и мерки за одговор во областите на здравството, социјалната заштита и правдата“, додаде тој.

Генералниот секретар вели дека овие мерки не треба да бидат ориентирани само кон интервенции откако веќе се случило насилството, туку, исто така, и кон спречување на насилство, што вклучува работа за надминување на социјалните норми и нерамнотежа на моќта, а полицијата и судството треба да обезбедат одговорност за сторителите и да ја запрат практиката на неказнивост.

„На овој ден ги повикувам сите да се справиме со насилството засновано врз родовите со уште поголема решителност со цел да го искорениме засекогаш“, заклучи Гутереш.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство