Владата ќе бира партнер за изградба на гасоводната мрежа меѓу две турски компании

Од:

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем за природен гас во Република Северна Македонија.

Врз основа на извештајот, Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која до овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, соопштија од Владата.

Во финалната фаза ќе се одбере една од овие компании, со која државата ќе воспостави јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада