ЕИБ планира еден билион евра „зелени“ инвестиции

Од:

Во Европската инвестициска банка (ЕИБ) напорно работиме за да ги усогласиме сите наши проекти со Парискиот договор до крајот на оваа година, изјави во видео обраќање потпретседателката и член на Управниот одбор на ЕИБ, Лилјана Павлова за време на конференцијата „Транзиција кон зелена економија и вработување во Бугарија – насока, цели, политики, можности и предизвици“.

Таа додаде дека е планирано до 2025 година, 50 отсто од сите инвестиции на ЕИБ да бидат наменети за одржливост на климата и животната средина. Додека од годинава до 2030 година односно за 10 години да се мобилизираат еден билион евра во инвестиции и во отпорност на клима, животна средина – зелени инвестиции.

– Наш приоритет е да го спроведеме европскиот зелен договор со инвестирање во одржлив урбан транспорт, социјална инфраструктура, енергетска ефикасност, иновации – сè што ги придружува приоритетите на европскиот зелен договор, истакна Павлова.

Таа посочи дека во европскиот зелен договор се однесува на земјите-членки на ЕУ, но и на нејзините партнети, кои не се членки на ЕУ. Планот е наречен патоказ за климата на Европската инвестициска банка и групацијата ЕИБ, заедно со инвестицискиот фонд.

– Ова е нашиот придонес кон успехот на европскиот зелен договор. Ако го следиме нашиот патоказ, можеме да ја направиме Европа, прв континент неутрален на јаглерод до 2050 година, истакна Павлова.

Конференцијата е организирана од германско-бугарската индустриска и трговска комора и бугарската канцеларија на Светскиот фонд за природа.

Би можело да ве интересира

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Жарко Настоски

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска