Во Бразил се регистрирани 16.207 нови случаи на коронавирус, додека 302 лица починаа истиот ден, соопшти Министерството за здравство на оваа јужноамериканска држава.
Бразил сега има регистрирано 6.087.608 случаи на Ковид-19, починале 169.485 лица.
По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот која е најтешко погодена од пандемијата.