Најстудено во Берово и Струмица

Од:

Најниска температура во државата изутринава е измерена во Берово, -7 степени, -5 се регистрирани во Струмица, а -4 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Куманово. Три степени под нулата се измерени во Штип, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Лазарополе, -1 во Маврово, 0 Виница и Крушево, а 2 во Охрид, Претор и во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утрово времето е сончево, во Охридско-Преспанскиот регион преовладува малку до умерено облачно време. Во Демиркаписко има појава на слаба магла.

УХМР за денеска најавува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски