Жестоки антирасистички протести во Бразил

Од:

Граѓаните на Бразил излегоа на протест откако двајца белци, членови на обезбедувањето на една продавница, убија црнец во четвртокот, пренесува Би Би Си.

Снимките од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи.

На нив се гледа како 40-годишниот Жоао Алберт Силвеиру Фреитас добива удари по лицето пред продавницата Карфур во Порто Алегре. Според бразилските медиуми, конфликтот се случил откако Фреитас се скарал со продавач кој тогаш го повикал обезбедувањето.

Демонстрантите вчера влегоа во продавницата Карфур во Бразилија, извикувајќи „Црните животи се важни“ и повикаа на бојкот на тој трговски синџир.

Компанијата Карфур соопшти дека жали поради бруталната смрт на Фреитас и ветија дека ќе го раскинат договорот со обезбедувањето и ќе го отпуштат управителот на продавницата кој бил на должност.

Двајцата мажи кои наводно го претепале Фреитас до смрт се уапсени и се под истрага за убиство. Еден од двајцата уапсени е воен полицаец кој не бил на должност за време на инцидентот.

Бразил има долга историја на ропство и е последната земја во Америка што го укина во 1888 година. Во Бразил денес, 57 проценти се црнци и мешано население, а тие се жртви на убиства во 74 проценти од случаите. Кога станува збор за убиства извршени од полицијата, тие сочинуваат 79 проценти од жртвите.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу