Бројот на заразени со коронавирус во Русија е зголемен за 24.822, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а ова е четврти пат оваа недела Москва да пријави најголем дневен биланс досега.
Исто така бројот на нови смртни случаи е најголем на дневно ниво што Русија го потврди досега – 467, пренесува ТАСС.
Претходниот најголем дневен биланс на починати беше потврден во четвртокот, кога 463 лица починаа од Ковид-19.
Во Русија досега се потврдени 2.064.748 случаи на Ковид-19. Вкупно се излекувани 1.577.435 луѓе.