ТРАНСФОРМА: Да ги засилиме транс-гласовите, одбиваме да бидеме жртви

Од:

Да ги засилите транс-гласовите, да се осврнеме на постојаните пречки кои го прекинуваат нашето секојдневие, но и на потребата од разбирање, поддршка и љубов од другите околу нас, порача денеска Иницијативата за заштита и унапредување на правата на тронсродовите лица во Северна Македонија ТРАНСФОРМА, по повод 20 Ноември – Меѓународен ден на сеќавање на трансродовите жртви на насилство и убиените транс-лица.

Од Иницијативата велат дека разните форми на злоупотреба, па дури и смрт поради оспорувањето на ставовите, на поимите и на стереотипите околу „машкиот“ и „женскиот“ идентите се сериозен проблем со кои транс-луѓето со генерации се соочуваат.

Потсетуваат дека од 1 октомври лани до 30 септември оваа година забележани се 350 убиства на транс-луѓе во 74 земји. Во изминатите 12 години пак, се случиле дури 3664 убиства од омраза на транс-луѓе во исто толку држави, а дел од нив биле исклучително сурови и брутални.

– Во Северна Македонија трансродовите лица трпат различни видови на насилство кое често поминува неказнето или непријавено поради страв. Всушност, насилството е неизбежна тема во дискусиите за животните искуства на нашата заедница. Од пријавените убиства ширум светот, сексуалните работници го сочинуваат мнозинството жртви. Од пријавените убиства на транс и родово различни луѓе чија професија била позната, ширум светот, 62 отсто биле сексуални работници, наведуваат од ТРАНСФОРМА.

Затоа, како што посочуваат, испраќаат повик за сите да ги засилат транс-гласовите, да се посветат на конкретни активности и да ги потенцираат ресурсите и перспективите и да работат за унапредување на транс-правата.

– Денес, луѓето и организациите ширум светот се мобилизираат за да му се спротивстават на транс-насилството со кое се соочуваме. Одбиваме да бидеме жртви!, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

Британскиот премиер: „Мажот е маж, а жената е жена“

(ВИДЕО) Трансродова инфлуенсерка ја налути, па ја напушти Америка: Познаваш ли некоја жена што се однесува вака?

Од 11 април родно неутрална категорија во пасошите во САД

А1он

Владата го повлече предлогот на Законот за матична евиденција, за измени и дополнувања

А1он

Британија одби да издаде родово неутрален пасош

А1он