ВИДЕО: Минатата недела спроведени 4.822 инспекциски контроли, затворени четири кафетерии и издадени 13.676 решенија за изолација

Од:

Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.

Како што соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период.

Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што, рече, ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД.

-Влегуваме во веројатно најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и пртооколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, да ги почтуваат протоколите од страна на граѓаните и стопанството, инспекциските служби ќе продолажт со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата.

Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од Ковид-19 и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитатерн испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Остантите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови.

Пазарниот иснпекторат, пак, извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење.

-Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани.

Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спрвел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место.

Агенцијата за лекови сповела 26 надозри во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.

АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска