Возач загина по тешка сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Од:

Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“ се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.

Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.

Би можело да ве интересира

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени