Ширум некогашна Југославија во знак на сеќавање, одделни групи и денеска го одбележуваат Денот на младоста, ден на роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.
Централната манифестација секогаш се одржуваше на тогашниот стадион ЈНА во Белград, каде пионерите, младинците и припадниците на сите родови на војската и морнарицата изведуваа слет, а на Тито му беше врачувана штафета која секоја година поѓаше од друго место во Југославија.
Инаку носењето на штафетата траеше цели 42 години, од 1945 до 1987 година, според идеја на младината од Крагуевац, лие Одделениа за спорт и фискултура ги осмисли масовните младински штафетни трчања ширум Југославија.
Првата штафета на младоста појде од Кумровец, родниот град на Тито, а потоа секоја следна година таа поѓаше од друг град и друга република.
Последниот слет на стадионот ЈНА, за време на животот на Тито беше одржан на 25 мај 1979 година.
И оваа година, традиционално гробот на Тито во Белата куќа во Белград ќе го посетат голем број почитувачи на неговиот лик и дело, како и Музејот на историјата на Југославија, кој се наоѓа во состав на тој меморијален комплекс.
Во Кумровец, во хрватско Загорје, ќе биде одржана традиционалната прослава за Денот на младоста, под слоганот „Во младоста е радоста – во радоста е младоста“.
И во градови ширум Босна и Херцеговина Денот на младоста ќе се одбележи со пригодни манифестации.