Синоќа во Асунсион, главниот град на Парагвај е отворена клиника во која ќе се лечат хомосексуалците.
Во Парагвај, каде што хомосексуалците мора да го кријат своето сексуално определување, претседателот Хорасио Картез, кој стапи на должност во април годинава, во текот на предизборната кампања изјави дека би се убил доколку син му да е хомосексуалец, а потоа се извини.
-Сакаме да се бориме против тој вид на дискриминација. Чувствуваме дека постои голема дискриминација во здравството во Парагвај-изјави директорот на невладината организација „Сомос Геј“, Серхио Лопес, кој го иницираше целиот проект.
Според него во Парагвај живеат од 500.000 до 700.000 хомосексуалци, па доколку некој добие сексуално пренослива болест, многу тешко може да зборува со лекарот за тоа.
Невладината организација, доби поддршка од сличните организации во САД и гарантира бесплатно лекување во новата клиника.
Елена Георгиевска