Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Од:

Во 84 година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија, долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пишува на официјалниот профил на Фудбалската репрезентација на Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас.“, напиша Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Ѕинго е роден во 1936 година во Кратово. Завршил Рударско-геолошки факултет. Тој беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” Кратово, 40 години. Тој е претседател на Социјалнистичката партија на Македонија, а од осомостајувањето на Македонија беше и пратеник во Собранието.

Би можело да ве интересира

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ

Ана Ололовска

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

Катерина Ѓуровски

Почина професорката Татјана Петрушевска

Катерина Ѓуровски

Почина Гордана Стошиќ

Ана Ололовска