(ВИДЕО) Захариева: РС Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е

Од:

Рeпублика Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија, рече Захариева за БНТ пред денешниот министерски состанок на ЕУ на кој се очекува да стане збор за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно сметале дека Софија ќе биде „притисната“ за да ја смени својата позиција.

Бугарија, вели Захариева, продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ и тоа не е само декларативно. Упати совет до Скопје да не се откажува на првата потешкотија со која се соочува на патот кон ЕУ – одобрувањето на рамката за преговори.

– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија тргна по таков пат. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почне да се размислува помалку емотивно, кога ќе престанат да се држат до градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш ќе добијат многу повеќе, изјави Захариева.

Таа најави дека планира да се појави пред бугарскиот парламент и да одговори на сите пратенички прашања во врска со РС Македонија, откако минатиот петок тоа беше одложено поради службено патување во сранство.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија