Заев по средбата со Рот: Продолжува одличната соработка со Германија и недвосмислената поддршката за нашите интеграциски процеси

Од:

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин се сретнаа со државниот министер за Европа во МНР на Германија, Михаел Рот.

На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Македонија и на Западен Балкан, особено во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.

Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.

Агендата на премиерот Заев продолжува со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Рот: Не е време за меѓусебни уцени, ЕУ има јасни очекувања

Катерина Ѓуровски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on