Истражување: Владата може да биде потранспарентна околу буџетските трошења во образованието

Од:

Како дел од истражувањето за отворени буџети во 2019, Меѓународното партнерство за буџети-МПБ (International Budget Partnership) пилотираше нов пристап за проценка на достапност на буџетски информации во специфичниот сектор за буџет на централната влада. Наодите од истражувањето покажуваат дека земјава може да ја подобри буџетската транспарентност на секторот образование.

Како што соопштува Центарот за економски анализи (ЦЕА), оваа иницијатива беше преземена за да ја процени достапноста на информациите кои им се потребни на граѓанското општество и граѓаните при анализирање на секторот трошење. Во истражувањето за 2019 на секторската фискална транспарентност преку пилот модули учествуваа 28 земји. При истражувањето е применета ригорозна методологија, која беше прегледана од страна на независен рецезент како и преглед од страна на Владата.

Како и во Индексот на отвореност на буџети, посочува ЦЕА, секторската фискална транспарентност преку пилот модули ги проценува само информациите презентирани во документи од владиниот буџет и не разгледува информации достапни надвор од буџетските документи, како што се специфични извештаи за секторите. Истражувачките организации имаа избор да ги прегледаат буџетите за образование или за здравство, и тоа 11 организации избраа да направат проценка на образованието (меѓу кои и ЦЕА) и 17 организации избраа да направат процена на секторот здравство.

– Наодите покажуваат дека Северна Македонија може да ја подобри буџетската транспарентност на секторот образование. Основното и средното образование е трансферирана надлежност кон локалната самоуправа во Северна Македонија. Надлежностите се споделени помеѓу централната и локалната власт во образовниот дел и во финансирањето. Поголем дел од надлежноста е финансирана од централниот буџет. Презентацијата, обемот и длабочината на овој сектор во буџетите во смисла на економска, функционална, програмска и административна класификација ги отсликуваат генералните фактички мерења за фискална транспарентност на МПБ за Северна Македонија, наведува ЦЕА.

Некои земји имаат наменски приходи за секторот образование, но не и во Северна Македонија. На пример, наменски приходи за Северна Македонија, посочува Центарот за економски анализи, има во секторот здравство од продажбата и акцизи на цигари и тие средства се употребуваат наменски за програми од областа на здравството.

-Иако донациите во образованието се презентирани во буџетите, сепак транспарентноста може да се подобри доколку донациите се дизагрегираат на индивидуални донатори. Завршната сметка би требало да ги презентира вкупните меѓувладини трансфери во секторот, наведува ЦЕА во врска со рангирањето на Северна Македонија според буџетската транспарентнтост во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски