Проевропската кандидатка Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

Од:

Опозициската кандидатка Маја Санду победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија со 56 отсто од гласовите, соопшти Централната изборна комисија на земјата. Санду се залага за поблиски врски со Европската унија.

Актуелниот проруски претседател на Молдавија, Игор Додон, кој доби поддршка од Кремљ пред гласањето, освои само 43 проценти од гласовите по пребројувањето на 99 отсто од гласачките ливчиња, според првичните резултати.

Санду, кој ја предводи Партијата за акција и солидарност, вети дека ќе води борба против ендемската корупција во земјата.

Молдавија беше погодена од повеќекратни политички кризи и шема на банкарска измама од една милијарда долари (840 милиони евра) што е еднаква на речиси 15 проценти од годишното економско производство, пренесува Дојче веле.

Додон, кој бараше нов четиригодишен мандат, вели дека Молдавија е уморна од пресвртите и сега и треба стабилност.

По првиот круг на гласање пред две недели, националната изборна комисија соопшти дека Санду добила 36,1 отсто од гласовите, додека Додон имаше 32,6 проценти од гласовите. с

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он