Молдавија: Мандатарката Гаврилица ги повика пратениците да гласаат против нејзиниот кабинет

Од:

Кандидатката за премиерka на Молдавија, Наталија Гаврилица, денеска ги повика пратениците да не го поддржуваат составот на владата, што ќе доведе до распуштање на Парламентот.

– Дојдов во парламентот не за да побарам гласање за доверба, туку за да направам чекор кон предвремени избори. Овој Парламент мора да се распушти што е можно побрзо – тоа го кажаа граѓаните на земјата на неодамнешните претседателски избори, рече Гаврилица пред пратениците.

Таа рече дека нејзиниот кабинет е способен за „трансформација на Молдавија за неколку години“, но најголемиот дел од својот говор го посвети не на владината агенда, туку на критикување на претходната влада на Јон Кику и парламентот.

– Вие ги изневеривте своите гласачи со префрлување од една во друга партија во три наврати, само за да останете околу власта, рече таа, нагласувајќи дека главната цел на владата е реформа на судството и борба против корупцијата.

Лидерот на најголемата партија во Молдавија, Социјалистичка партија, Игор Додон, го критикуваше кабинетот на Гаврилица и го предложи поранешниот министер за финансии Маријана Дурлешјану за премиер.

Според сегашното законодавство, молдавскиот парламент може да се распушти во два случаи: ако пратениците не можат да одобрат влада или ако кабинетот три месеци не ги извршува своите законодавни функции.

Доколку кандидатурата на Гаврилица биде отфрлена, претседателката Маја Санду мора да предложи нов кандидат. Во случај на повторено одбивање, шефот на државата може да објави распуштање на парламентот. Според политичките набљудувачи, некои пратеници не сакаат предвремени избори, бидејќи нема да можат да влезат во составот на следниот парламент.

Би можело да ве интересира

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кучето на Санду го касна прстот на австрискиот претседател