Времето ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо со услови за краткотраен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од југозападен и западен правец.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу шест и 13, а дневната ќе биде од 19 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито.
Минималната температура ќе се движи околу 10, а максималната до 24 степени.