По обвинувањето од учениците од основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка дека биле спречени во својата намера да протестираат против екстерното оценување, и дека нивните транспаренти биле искинати од страна на педагогот, до нашата редакција пристигна демант од педагогот на училиштето.
„На наведениот ден јас воопшто не бев во централното училиште каде што имало протести од страна на учениците. Информацијата е неточна, тој ден бев во подрачните училишта во селата Огут и Нерав“, вели во писемна реакција педагогот на „Јоаким Крчовски“.