ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Од:

По осум години преговори, 15 земји во Азиско-пацифичкиот регион на виртуелен состанок во Ханој потпишаа договор за светска трговија од големи размери – најголем во светот по бруто домашен производ на земјите учеснички во него.

Регионалниот сеопфатен економски договор предвидува создавање огромна зона за слободна трговија меѓу десетте земји на АСЕАН, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Земјите од договорот имаат 30 проценти од светскиот БДП и население од 2,2 милијарди.

Идејата за пактот датира од 2012 година и се смета за одговор на Кина на слична иницијатива на САД, што потоа беше отфрлена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски

Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

А1он

Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска