Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати честитка до алпинистката Илина Арсова – првата Македонка која го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест.
-Сите ние во татковината ја споделуваме твојата радост и сме горди на тебе. Твојот личен успех претставува успех за целата држава и мотив за сите млади луѓе и сите спортисти дека нема насовладлива препрека, доколку постои посветеност, упорност и работа, вели претседателот Иванов во честитката.
Претседателот, соопштија од неговиот Кабинет, изрази целосна поддршка на проектот „Прва македонска жена на Монт Еверест“, посакувајќи и многу среќа и успех на Илина Арсова и нејзината експедиција, непосредно пред заминувањето на Хималаите.
Иванов, како што се наведува, и натаму ќе ја дава својата поддршка на сите млади луѓе со цел постигнување на вакви успеси кои претставуваат поттик и позитивен пример за младите генерации и придонесуваат за афирмација на Република Македонија.