Вчера во Крива Паланка учениците од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ одлучија да протестират против екстерното оценување, но биле спречени во својата намера.
Директорот на училиштето „Илинден“ им велел: „Ако протестирате никој од вас нема да помине“, велат учениците од училиштето во допис до нашата редакција.
Во основното училисте „Јоаким Крчовски“ децата биле избркани од местото каде што сакале да протестират од страна на наставник од училиштето, а нивните транспаренти биле искинати од страна на педагогот, велат учениците.