Политичка позадина на протестот за екстерното тестирање се обидоа да му дадат партиски активисти на ВМРО ДПМНЕ и СДУ кои со партиски знамиња на СДСМ парадираа на протестот се со цел да и биде пренесена лажна порака на јавноста дека зад протестот стои СДСМ.
Либертас пренесе дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ вееле знамиња на СДСМ и дека носеле маички со името на Радмила Шекеринска.
Веднаш откако заврши протестот истите активисти ги соблекоа маичките и ги фрлија во градилиштето на црквата „Св. Константин и Елена“.