(ВИДЕО) Протести: Екстерно има во Европа, ама не растат печурки од влага по училиштата

Од:

Стотици ученици го кренаа гласот пред Министерството за образование против екстерното оценување. Сметаат дека со ова ќе бидат жигосани и учениците и наставнјот кадар.

-Екстерното тестирање на европско ниво, но дали во нивните лаборатории има печурки кои растат од вклагата, дали тече вода од покривот, дали има канти каде капе водата? Критериумите ги поставуваат од Министерството за образование кои спроведуваат усно писмено и секакво тестирање, ова оценување не е во ниедно од тие критетиуми, рече една ученичка.

-Тоа не е начинот да не оценат, тие нам ни ги немаат спуштено оцените, и како ќе ги тестираат наставниците ако немаат спуштено оценки, кого ќе тестираат тие, реагира ученик кој учествуваше на протестот.

Против екстерното на улица излезе и дел од наставниот кадар и родителите.

-Не сме за екстерно, нашиот став е да си го преиспитаат кадарот кого вработуваат е на да ги малтретираат нашите деца и да им влијае при уписот во средно и на факултет. Се жигосуваат и децата и наставниот кадар. Тој што нема пари, нема да се запише на приватен факултет и треба да се жигоса вака, тој што има пари не оди на митинг, изјави родител.

-Тој тип на екстерно оценување носи само жигосување на децата и на просветниот кадар. Реков да за екстерно, ама не во таков облик. Треба да се најде средна оценка, треба да се следи целата година, редовноста, активноста, тестирањата, и од тоа средна оценка да се извлече. Јас сум 25 години во образование, знам дека тој тип на екстерно оценување води кон жигосување на наставниот кадар и децата, рече професорка.

-По кој правилник се врши ова оценување кога не се спуштени оценките? Сакаме да го видиме правилникот, дали е целта да се поправат оценките или да се проверат наставниците како што беше првично кажано? По кој правилник се прави ова без да бидат спуштени оцените, реагираа од просветниот кадар.

-Не сум за екстерно оценување, јас сум мајка на дете од основно училиште, имаше веќе тестови , понеделник сега пак треба да биде оценуван, дали се тие способни за три дена да се подготват за овие тестови, реагираше родител.

Речиси сите кои протестираа укажуваат дека екстерното оценување е применето во некои земји на ЕУ, но тоа не се врши на ваков начин, набрзина, и во услови кога за целиот процес не се информирани ниту улениците ниту наставниот кадар.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска