Точно на пладне со собир кај спомен домот на Мајка Тереза почна протестот во Скопје против екстерното тестирање. Групата средношколци и основци се упатија пред Министерството за образование со извици „Нема правда, нема мир“.
Денешниот протест се одвива во сите градови на Македонија и е насочен против владината мерка во образованието.
Веќе неколку дена учениците го изразуваат своето незадовослтво и аргументи зошто треба да се укине екстерното оценување.
Советите на родители од осум основни училишта од општина Карпош повикувајќи се конвенцијата за права на детето на Обединетите нации бараат од Владата и сите надлежни институции да го одложат екстерното оценување за идната година.
Се огласи Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, и апелираше учениците да не потклекнуваат на провокациите пласирани, како што велат, од одредени опозициски партии.