Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја потврди својата класа и со гол во клучниот натпревар го одведе националниот тим на европско првнество.
По дуелот тој не ги криеше емоциите и истакна дека иако играл многу големи натпревари, никогаш не бил вака среќен.
„Многу сим среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен. Мислам дека моето искуство му помогна на тимот да го оствариме овој успех“ – изјави Пандев по мечот.
Пандев со Интер стана европски и светски првак, ама настапот со Македонија на ЕП 2021 ќе му биде круна на кариерата.