Предизборната кампања на Македонската алијанса за евроспка интеграција за парламентарните избори закажани за 23-ти јуни во Албанија ќе започне со митинг на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, Мала Преспа каде ќе бидат претставени кандидатите за пратеници за регионите каде што МАЕИ ќе се концентрира на овие парламентарни избори, и тоа во Корча, Елбасан, главниот град Тирана, Пешкопеја, Кукс и Драч.
Македонска алијанса за европска интеграција заедно со уште 25 партии ја сочинуваат изборната коалиција Алијанса за работа, благосостојба и интеграција предводена од Демократската партија на премиерот Сали Бериша.
Партијата ќе настапи со 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.
Македонската алијанса најмногу шанси за освојување на пратеник има во регионот на Корча, каде за носител на листата ја кандидира д-р. Валентина Нестор, лектор по македонски јазик при Универзитетот во Тирана, по потекло од Пустец.