Маричиќ – Вархеји: Владата да продолжи со реформите во правосудството

Од:

Министерот Бојан Маричиќ попладнево преку видео врска оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји информираат од Министерството за правда.

На разговорот, министерот му ги претставил на еврокомесарот последните реформи кои ги спроведуваат Владата и Министерството за правда во насока на севкупно подобрување на работењето на правосудниот систем.

Еврокомесарот Вархеји ја поздравил блиската соработка и партнерство со ЕУ во реформите во областа, имајќи предвид дека со почетокот на преговорите за членство во Европската унија особено ќе се интензивира соработката во секторот правда. Вархеји исто така ја потенцираше значајноста на Поглавјето 23, кое како дел од кластерот „Фундаменти“ ќе биде од постојан интерес за Комисијата и земјите членки.

Дополнително, еврокомесарот посочил дека во наредниот период потребно е интензивно да се работи на случаите на организиран криминал и висока корупција и да не се дозволи предметите да застаруваат или да не се постапува по случаите.

Вархеји понудил и конкретна помош во насока на дигитализацијата на судството, како и експертска помош од Европската комисија онаму каде што е потребно.

Би можело да ве интересира

Правосудството во 2023 – од одложена, до застарена правда

Горан Наумовски

Маричиќ од Валандово: Членство во ЕУ за повеќе пари преку европските фондови

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

ПГ на СДСМ: Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги

Пренџов: Примитивецот Маричиќ е срам за машкиот пол, барам премиерот веднаш да го разреши

A1on

Маричиќ: Спомен собата на првиот македонски претседател Глигоров претставува значајно политичко наследство