Мицотакис: Сигурен сум дека Бајден ќе придонесе во урамнотеженоста на безбедноста во регионот

Од:

Сигурен сум дека претседателот Бајден ќе придонесе во обновување на урамнотеженоста на целокупната безбедност во нашиот чувствителен регион, регион што добро го знае, бидејќи со децении го следи, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На почетокот на прес конференцијата со претседателот на Египет Абдел Фатах Ал-Сиси, Мицотакис се осврна на победата на Бајден на изборите во САД, изразувајќи надеж дека и онака силните грчко –американски односи, „ќе станат уште посилни на сите нивоа“.

Мицотакис и Ал-Сиси се задржаа на последните случувања во Источниот Медитеран, на неодамнешниот договор меѓу двете земји за делумно одредување на морската зона меѓу Египет и Грција, како и за зајакнување на билатералната соработка.

Грчкиот премиер истакна дека договорот е најдобар пример дека кога основата се меѓународното право, правилата за добрососедство и меѓусебното почитување, може да се постигнат резултати што се во корист на двата народи.

Потенцираше дека „спротивно на ставот на Турција, Медитеранот може да биде море што ќе ги обединува, наместо да ги дели народите “.

Ал-Сиси рече дека со Мицотакис се согласиле „заедно да се справат со сите оние кои ќе се обидат да му се заканат на мирот“, но и меѓусебно да се поддржат и да соработуваат.

За договорот меѓу двете земји за одредување на Ексклузивната економска зона, истакна дека е „врз основа на меѓународното право и е скок кон отворање соработка“.

Претседателот на Египет, претходно беше примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, а Ал-Сиси ја изрази поддршката за Грција „за нејзините права за било кое прашање што се однесува на безбедноста на земјата и на морските граници“.

На почетокот на нивната средба се задржаа и на терористичките напади за кои Сакеларопулу рече дека „неспорно е дека верските вредности немаат никаква врска со екстремистички дејствија“.

Египетскиот претседател, истакна дека ваквите екстремистички активности „не треба да доведат до верски конфликти“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски