Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите

Од:

Помалку непочитувања на здравствените протоколи забележале инспекциските служби во текот на минатата недела, што според претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, најверојатно се должи на зголемените ингеренции на испекторите.

– Претпоставувам дека измените на Законот со кои се зголемија овластувањата на инспекторите, но и се додоа нови мерки, како што е забраната за вршење на дејност и изрекување глоби доколку не се почитуваат протоколите, ги дадоа своите резултати. Впрочем, мината недела констатирана е само една неправилност во однос на непочитување на здравствените протоколи. Станува збор за објект во Куманово за кој е изречена забрана за вршење дејност и прекршочен платен налог, изјави Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Сепак, според неа, во спречувањето на ширењето на вирусот потребна е и помошта од граѓаните и стопанствениците кои треба да ги почитуваат протоколите.

– Се наоѓаме пред најтешкиот период од справувањето со вирусот, период во којшто сите подендакво треба да покажеме општествена одговорност преку почитување на мерките и протоколите со цел да го спречиме ширењето на корона вирусот и да ја надминеме оваа здавствена криза. Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на уредбите и одлуките на мерките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот. Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но, во целиот процес потребна е поддршка и помош од секој граѓанин и од стопанствениците преку почитување на здравствените протоколи и законите, нагласи Филиповска-Грашковска.

Во периодот од 2 до 8 ноември спроведени се вкупно 5.503 инспекциски контроли од кои 3.743 извршил Пазарниот инспекторат. Од страна на пазарните инспектори направени се и 614 надзори. Поднесени се вкупно 26 прекршочни пријави од коишто една за непочитување на ковид протоколот, а останатите 25 за непочитување на материјалните закони. Поднесени се и две кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, како и 45 решенија и 43 прекршочни платни налози.

Здраствениот и санитарен инспекторат извршил 67 надзори и има изречено шест решенија поради констатирани неправилности, како и 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица кои се позитивни или биле во контакт со заболено лице.

Во овој временски период во аптеките не се забележани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

Инспекторите за труд извршиле 597 надзори и изрекле 24 решенија за утврдени неправилности од областа на работните односи. Инспекторатот за транспорт извршил 58 надзори и издал девет решенија и три прекршочни платни налози.

АХВ извршила 385 надзори, при што се издадени 11 решенија, пет прекршочни платни налози и спроведени 14 едукации. Најчестите неправилности кои ги забележале овие инспектори се за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општите хигиенски мерки и нерегистрирани објекти.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска