Најновиот смартфон Галакси С4 на јужнокорејскиот производител Самсунг достигна бројка од 10 милиони продадени примероци, само еден месец по претставувањето на пазарот и стана најбрзо продаваниот смартфон.
Компанијата соопшти дека С4 веќе надмина 10 милиони проададени примероци по лансирањето на 26 април, додека неговиот претходник С3 истата бројка ја оствари за 50 дена.
Самсунг изрази надеж дека Галакси С4 ќе го зголеми своето присуство на пазарот во САД и ќе успее да го истисне АјФон.