Учениците од двете средни општински училишта „Дрита“ и „Мирко Милески“ во Кичево организираа протест против реализацијата на екстерното тестирање. И покрај оцената на Министерството на обраование и наука дека екстерното тестирање ќе му стави крај на необјективното оценување, учениците го тврдат спротивното.
„Не можеш да се оценуваш само со еден тест, за целиот учебен материјал и работата што ја имаш направено во текот на целата година“, вели Албион Абдиу, ученик во гимназијата „Дрита“.
„Ова тестирање ќе влијае во намалувањето на годишниот успех. Тогаш, каква смисла имаат сите повторувања, тестирањата и оценувањата што се прават во текот на целата година од страна на професорите. Знаењето добиено за една година не може да се оценува само за неколку часа и со еден тест“, рече Агнеса Абази, ученичка во прва година, економски смер, во гимназијата „Дрита“.
Во меѓувреме од администрацијата на гимназијата тврдат дека протестот бил организиран во рамки на законот и тоа е право на учениците.
Ф.Д.