Швајцарија и Македонија со нова Стратегија за соработка (2013 – 2016)

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на промоцијата на Стратегијата за соработка на Швајцарија со Македонија (2013–2016).

Новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот 2013-2016 планирано е да се реализира преку соработка во три подрачја: демократско управување и децентрализација, економски развој и води.

Според швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото, поширока цел на оваа Стратегија за соработка е Швајцарија да ја поддржи транзицијата на Македонија кон социјално инклузивна пазарна економија и демократски политички систем во контекст на европската интеграција на земјата. За реализација на целите од Стратегијата ќе бидат обезбедени 85 милиони швајцарски франци.

Од осамостојувањето и во текот на транзицијата на Македонија кон плурална демократија и целосно функционална пазарна економија, Швајцарија секогаш се обидуваше да обезбеди соодветна поддршка и соработка. Почнувајќи од 1992 година, програмите реализирани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) опфаќаа разни тематски подрачја.

На настанот, што се одржа во организација на Швајцарската амбасада и Швајцарската канцеларија за соработка, присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари