Етиописката армија го зазеде аеродромот во регионот Тиграј во текот на офанзивата против локалните лидери кои не ја признаваат Владата на премиерот Абиј Ахмед, објави државната национална телевизија на Етиопија.
Припадниците на бунтовничките сили се предале по заземањето на аероромот во Хумери, што се наоѓа во близина на границата на Етиопија со Судан.
Се уште не се огласиле припадниците на Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ).
Борбите во Тиграј почнаа на 4 ноември откако премиерот покрена воена операција откако локалните сили ги нападнаа сојузните трупи. Тензиите ескалираат од септември, кога во Тиграј се одржаа регионални избори и покрај спротивставувањето насојузната Влада, која гласањето го оцени како нелегално.
Во судирите загинаа стотици луѓе, а експертите ставуваат дека во Етиопија може да избие граѓанска војна, што не само што ќе го загрози економскиот развој на земјата, туку може да го дестабилизира целиот Рог на Африка, стратешки регион, кој е еден од најтурбулентните делови од светот.
Тигрејците се пет отсто од целокупното населени на Етиопија, но имаат значително влијание во земјата. ТПЛФ доминираше во политиката и со силите за безбедност од 1991 до 2018 година, кога е избран Ахмед.