Кошаркарите на Работнички имаа катастрофално деби во АБА 2-лигата, откако вечерва на турнирот на Златибор, во првиот меч во клупската историја во ова регионално натпреварување, убедливо загубија во пресметката со црногорскиот претставник Студентски центар (69-98), кој е втор тим на Будуќност.
Тимот од Подгорица клучната предност ја оствари во финишот на втората и почетокот на третата четвртина, кога со серија 19-2 дојдоа до убедлива предност (54-33), која потоа умешно ја задржаа до самиот крај. Девон Вашингтон со 17 и Кирил Николовски со 16 поени беа единствени светли точки кај Работнички.
Работнички сега има три дена за одмор по овој дебакл, со оглед што мечот од второто коло ќе го одиграа в четврток против Подгорица (17 часот).