Демократски сојуз: Бугарија ќе ја наруши стабилноста на Балканот

Од:

Демократскиот сојуз смета дека блокадата на европскиот пат на Македонија Бугарија е катострофална грешка со тешки последици по односите помеѓу двете држави и народи, а ќе се рефлекртира и на стабилноста на Балканот во целина – објавува партијата во соопштение.

„Да се негира постоењето на Македонскиот народ и Македонскиот јазик е манифестација на национализам и шовинизам.

Оваа офанзива на Бугарската Влада, покрај другото е и поради неоснованиот страв од рушење на границите помеѓу Македонија и Бугарија при влезот на Македонија во ЕУ, како и на нискиот рејтинг на националистичката партија предводена од Каракачанов во Бугарија, од која зависи и опстанокот на Владата на Бојко Борисов.

Македонската Влада мора сосема јасно и гласно да објави дека нема разговори и преговори за Македонскиот народ и Македонскиот јазик. Македонскиот народ е автентичен народ, а Македонскиот јазик е изворен и создаден низ илјадници години наназад.На Балканот насекаде живеаат Македонци, некаде повеќе некаде помалку и тие се, или треба да бидат мост за разбирање,меѓусебно почитување и градење на добрососедски односи.

Во Македонија сите национални малцинства,етнички заедници или делови од други народи (вклучително и Бугарите) се рамноправни граѓани и слободно можат да ги афирмираат своите културни и јазични особености, да се здружуваат да формираат партии и сл.Тие се основни човекови права и слободи, како и правото на самоопределување и изјаснување за припадност на одредена нација, вера и сл. Македонија ниту досега ниту во иднина ќе се меша во внатрешните работи во другите држави ниту пак има територијални претензии.

Се она што се постигна во последните триесет години во односите помеѓу Македонија и Бугарија, сега стои на стаклени нозе и од Бугарскиот народ и власт зависи дали сѐ ќе се сруши. Ќе треба долг период да се излечат лузните од несфатливиот авантуристички поход на Бугарија.

Демократскиот сојуз сугерира нашата дипломатија да отпочне офанзива за да ги објасни апсурдните барања на Бугарија пред земјите членки на ЕУ и пошироко, а Парламентот да донесе Резулуција за тоа дека Македонија останува на европскиот пат“ – пишуваат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација