Албанија на чекор до враќање на строгите мерки за спречување на коронавирусот

Од:

Албанија размислува за враќање на построгите ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19.

Ваква можност најави претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и актуелен заменик министер за здравство, Мира Ракацоли.

Гостувајќи во телевизиска емисија, таа рече дека земјата е многу блиску до црвената линија и дека експертите ќе бидат принудени да предложат построги мерки.

-Вчера забележавме рекорден број на заразени, како и број на хоспитализирани. Ова беше очекувана ситуација. Ова се случува низ целиот свет. Тоа е нормален тек на епидемијата. Бројките растат, за среќа, не со толкава брзина како во Италија, Франција и Шпанија. Поради овој нагорен тренд мора да бидеме претпазливи и да преземаме соодветни активности. Со оглед на нашата ситуација, ние предлагаме други мерки што можат да бидат ограничувачки. Многу сме блиску до црвената линија. Ќе ги анализираме сите можни мерки и ќе одлучиме, изјави Ракацоли.

Порача дека единствениот начин да се запре вирусот е превенцијата, додавајќи дека поради тоа и наставата во универзитетите предложиле да се одвива онлајн, како и мерката за задолжително носење заштитна маска на отворен простор.

-Мерките немаат никаква врска со она што го сториле другите земји, треба да размислуваме глобално и да дејствуваме локално. Воведувањето карантин зависи од нас самите. Треба да бидеме сите заедно, само така можеме да го победиме овој вирус, вели таа.

Ова се оценува како одговор на изјавата на директорот на Националниот ургентен центар, Скендер Братај, кој оцени дека состојбата со Ковид-19 во Тирана е надвор од контрола и оти поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани, Тирана, како и во главните градови на некои соседни земји потребно е воведување делумен карантин.

Што се однесува до болничките капацитети Ракацоли тврди дека тие не се целосно пополнети.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски