ВИДЕО: Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на Тачи, Селими и Весели

Од:

Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување“ во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели, јави Танјуг повикувајќи се на приштински медиуми.

Според некои медиуми, пред куќата на Тачи бил виден и поранешниот министер за правда Абелард Тахири.

Силите на ЕУЛЕКС од утрово се и во седиштето на Демократската партија на Косово, додека пред просториите на партијата има припадници на косовската полиција. Полицајци има и пред семејните домови на Селими, Тачи и Весели, јави и агенцијата Бета.

Тачи и Весели од вчера се во притвор во Хаг, откако Специјалниот суд го потврди обвинението против нив во кое, заедно со други осомничени, се обвинуваат за голем низа воени злосторства на Косово, вклучувајќи и речиси 100 убиства.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина