ЕУ повторно го повика Израел да им стави крај на уривањата на палестинска територија

Од:

Дипломатската служба на ЕУ испрати ново предупредување до израелските власти за уривањето на нови згради на палестинска територија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Израелските сили оваа недела урнаа 70 згради меѓу кои домови и санитарни структури кои припаѓаат на единаесет палестински семејства, со 41 дете, на северот на јорданската долина. Израел се закани и со уривање на палестинско училиште на западниот брег, кое е финансирано од ЕУ.

-Моментално 52 палестински училишта се во опасност од демолирање, потсети ЕУ и ги повика израелските власти да ги почитуваат меѓународните резолуции и заклучоците на Советот на ЕУ кои бараат да се заштитат децата, односно да се обезбеди нивното право на безбедност и образование.

ЕУ потсети дека овие унилатерални одлуки на Израел претставуваат пречка за постигнување на решение со две држави и ги повика веднаш да им стави крај на демолирањата, вклучително на проекти финансирани од ЕУ во Палестина, посебно во услови на пандемија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“