Шефот на Генералштабот на САД уверува дека војската нема да се меша во изборите

Од:

Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, Марк Мили во текот на викендот имал разговори со генерали и уредници во медиуми за да ги ублажи спекулациите за потенцијално мешање на војската во претседателските избори, тврдат извори од војската за Аксиос.

Според извор кој учествувал во онлајн разговорот, највисокиот воен претставник во САД го воспоставил крајно необичниот повик за да стане јасно дека улогата на армијата е аполитична – и да се негира поимање за улогата на војската во судење при спорни избори или носење каква било одлука околу смена на претседател од Белата куќа.

Мили им рекол на уредниците дека американската војска нема да има никаква улога во мирниот трансфер на власта, додаде друг извор.

Било укажано да не бидат вознемирени ако видат фотографии на униформирана Национална гарда на денот на изборите; во моментов, тие не се федерализирани, туку служат по барање на гувернери.

Повикот следи по спекулациите во јавноста за улогата на војската од страна на активисти и политички лидери.

Неодамна Џо Бајден за локални медиуми изјави дека е „апсолутно убеден“ дека војската „ќе го придружува Трамп од Белата куќа при испраќање“ доколку одбие да ја напушти функцијата.

На онлајн состанокот биле и двајца високи генерали: Командантот на американската кибер команда Пол Накасоне и шефот на националната гарда Даниел Хокансон.

Генералите зборувале за воените напори да се обезбеди клучна инфраструктура од кибер напади.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска