Значи секакви пријатели сум имал во животов, ама незнаев дека меѓу нив има и антиреформисти до тој степен што ќе се спротистават на секој, ама буквално на секој обид на Владата да ни биде животот уште поубав.
Ми се јавува денес едно другарче да ме покани на кафе. Каде бе викам зачудено, ти арен си денес? Кај сакаш ќе седнеме, одговара мртов ладен. Очигледно не ме разбра човекот.Со тебе велам нешто не е во ред. Погледни колку е часот. Ти очекуваш во сред работно време јас да седнам некаде и да си го арчам времето со тебе на празни муабети. Ајде ми вика тој, не глуми и јас и ти сме без работа, бадијалџии и онака нема што да правиш цел ден. Ако ти е проблем за пари еве јас честам.
Тука го чекав. А, не пријателе, си ја утнал работата. Јас утрово станав, се измив излегов на улица и ОП, ете ти го Спире. Ни го знам ни го познавам (и подобро е што е така) кога ми вика човеков, ти по работа а? Го гледам, му се чудам на умот ама што да му кажеш, министер е. Не, му велам јас, онака на прошетка, рекреација, малку да ме фати воздух. Ееее, не може тоа така ми одбруси, ама онака министерски. Ајде со мене, од денес има да работиш, ќе им докажеме јас и ти на ова мрзиве дека работа има за секого, а и дека нашиот народ е работлив народ. Така ја оп на работа, е сеа некој може ќе рече не е баш најсоодветна, ама почни од нешто па ќе видиш, далеку ќе дотуркаш.
Арно ама пријателчево не се дава. Дај бе не ме зезај, гледај цела улица Македонија, полна сите нешто кафе-муабет ти ми блебеташ овде ти нашол Спиро работа, си немал време, ова-она, освен тоа лажго еден ако работиш зошто не си на работно место? Наведнав глава, одам да си купам една кифла за појадок му велам и веднаш се враќам. А, за овие што “кафетишат” по кафиќиве на Македонија, на кеј… во Дебар маало ти ич, ама ич да не береш гајле. Тоа ти е државна и по некој од јавна администрација. Мислиш нив до кафето им дошло? Абеее топук еден, па тие луѓе коски оставија, здравје расипаа, бубрези, висок притисок, желудник од тоа што 24/7 на ваков начин ја решаваат твојата, мојата и иднината на нашите деца. Дури и тоа што менуваат по две три локации дневно до ручек и тоа е дел од нивната работа. Тоа ти е брат конспирација, менуваат кафулиња од безбедносни причини, така да си знаеш. За разно-разните ручеци воопшто не ме прашувај, тука се кова надворешната политика на нашата држава, се бираат амбасадори, се вежба изговарање ГОРНА, СЕВЕРНА…се вежба преговарање. Впрочем не вреди да ти објаснувам, ти си од тие мрзите, а и си немал среќа да го сретнеш Спиро.
Него нешто и за правата на ЛГБТ заедницата. Да Ви кажам почитувани, неосновано се жалат дека се маргинализирани или пу, пу, не дај боже нешто друго. За нив се грижи Тодоров. Што мислите Вие дека најновите (засега најнови) мерки во здравството се само за доброто на пациентите. Епа грешите, не ќе да е така. Мисли наше Николче на сите. Само малку размислете и се ќе Ви биде јасно. Имено сестри закопчани до грло, што е мошно построго облечени, без подвезици секако и со дискретен парфем, по можност и без него, техничкиот персонал во црвена, евентуално бордо боја (тоа веројатно зависи од вкусот на потенцијалниот кандидат), мислите дека тоа е случајно? Е не е, јас незнам кој во такво опкружување нема да си најде соодветен партнер. Затоа кој сака да си најде сопатник, друштво, партнер…се знае, право во било која Јавна здравствена установа.
Нормално над сето ова будно бдеат братучедите. Е па ај да видам сега ЕУ нека шкртка шо ќе и текне во тоа извештајот.