Во две мали места во САД заврши гласањето на претседателските избори

Од:

Поранешниот потпретседател и кандидат на демократите на претседателските избори Џо Бајден ги освои сите пет гласа за претседател во Диксвил Ноч, мало гратче во државата Њу Хемпшир по должината на границата меѓу САД и Канада, кое меѓу првите ги објави своите изборни резултати.

Гласањето се одржа неколку минути по полноќ и тоа е првото место во кое беа објавени резултатите од гласовите, броени на денот на изборите, пренесува Си-Ен-Ен.

Традиционално, сите гласачи се собраа во просторијата за гласање во одморалиштето Балсамс за да гласаат тајно откако гласачките места се отворија кусо време по полноќ.

Гласањето во ова место е омилено за новинарите и набљудувачите кои сакаат некакви навестувања за тоа каков ќе биде текот на гласањето.

Сепак, гласањето во ова место не е секогаш предвидливо, бидејќи, на пример, во 2016 година, сите гласови ги освои тогашната кандидатка Хилари Клинтон.

Избирачките места после полноќ ги отвори и соседен Милсфилд каде Трамп освои повеќе гласови од Бајден, односно освои 16, додека Бајден освои пет гласа.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска