Ризаов: Во потрага по оправдување

Од:

„Кога власта нема храброст за решение на проблемот се бараат домашни и надворешни непријатели“, пишува Ерол Ризаов во колумна во „Утрински весник“

Почна, вели, големата потрагата по оправдување пред домашната јавност ако стаса лоша вест од Брисел. Бидејќи оваа власт и влада никогаш не е виновна за ништо и овој пат ако стигне европски спакуван катил ферман, мора да се пресретне остро на прва топка. Инаку ќе и’ текне на јавноста место оправдување да бара решение.

„Во вакви деликатни ситуации кога седум години по ред престолнината на Европа праќа иста вест: нема преговори, не ги исполнувате условите, има еден испробан рецепт кој секогаш дава добри резултати. А, тоа е веднаш да се најдат надворешни и внатрешни непријатели и предавници. Филмот е добро позната сапуница, која бесконечно се врти и репризира. Прво без двојба најголем виновник е Грција со добри шанси да и’ се придружи и Бугарија. Потоа жандарот на светот Америка и, се разбира, дволичната Европа“, вели Ризаов.

Со домашните душмани и платеници, посочува, ќе има мали измени. Го нема Бранко Црвенковски да го изеде најголемиот стап, а и некако не е многу од ќар да се удира најсилно по него кога веќе си оди. Остануваат за ќотек „шака јада“ грчки „платеници и кодоши“ кои сепак се тенка работа да можат толку многу да влијаат на европските институции и лидери. Затоа спектакуларно се најавува отстрел на четири капиталци во медиумите кои уште 1994 година примиле од олигарсите полни пакети со акции за да ги штитат.

Ова го разбрала почитуваната Мирка Велиновска, лично од „свирачот“.„Со антикоманијата и споменикоманијата се потрошија во неприоритетни цели во најсиромашната земја на Европа стотици милиони евра во антички плагијати излеани во бронза, која во Македонија е платена со народни пари поскапо од злато. Затоа Македонија ги изгуби симпатиите и поддршката во светот најмногу поради овој изнасилен потег на интервенција на политиката во науката. Потрагата по пославно минато нанесе непроценливи штети“, пишува Ризаов во колумната.

Посочува дека задушувањето на демократијата и медиумските слободи со корпус деликти од 24 декември во македонскиот парламент е настан без преседан во парламентарната историја и на Македонија еве веќе 69 години и на Европа повеќе од 300 години. Ете затоа власта пак е во потрага по оправдувања и во лов на вештерки наместо, конечно, да излезе пред јавноста со решенија.

Целата колумна можете да ја прочитате ОВДЕ.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска