Во Куманово досега заловени 486 кучиња скитници

Од:

Секторот за инспекциски надзор информира дека досега се заловени 486 кучиња скитници.Акциите за заловување се спроведуваат согласно распишаниот тендер на општина Куманово, а заловувањето го спроведуваат стручни екипи од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.

Тендерот тече од јуни минатата година и ќе се спроведува до 26 јуни годинава, за што општината одвои 900.000 денари.Од секторот информираат дека очекуваат наредниот тендер да биде во вредност од милион денари.

– Кучињата кои се заловуваат се чуваат триесет дена во прифатилиштето, заловувањето и чувањето на кучињата и третманот што го добиваат чини околу 1.200 денари по куче, вели комуналниот редар Гордан Танвески.

Кучињата ги заловуваат стручно екипи од ветеринарниот центар, а потоа се носат на прифатлиште лоцирано во кумановското село Четирце, кое ги исполнува сите законски стандарди и има капацитет за сместување на 40 –тина кучиња.

Од секторот информираат дека имаат склучено Меморандум за соработка со „Анима Мунди“ и согласно Меморандумот предвидено е да се изгради парк кој ќе биде наменет само за домашните миленичиња. Инаку, последниве десетина година во Куманово беа реализирани над десетина акции за заловување на кучиња скитници.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра