Бостон Селтикс го сакаат Руди Гобер, разгледуваат опции за размена

Од:

Раководството на Бостон Селтикс покажува интерес за центарот на Јута, Руди Гобер, еден од најдобрите одбранбени кошаркари во НБА.

Како што објави „Legion Hoops“, Селтикси може да им понудат на „Џезерите“ размена за Французинот во претстојниот преоден рок. Зајакнувањето на позицијата центар е приоритет за клубот.

Францускиот кошаркар ќе стане неограничен слободен играч по сезоната 20/21. Дваесет и осумгодишниот кошаркар минатата сезона имаше просек од 15,1 поен и 13,5 скока по натпревар.

Тој беше првиот играч во НБА кој се зарази со коронавирусот, уште во март, а по неговиот случај, лигата беше во прекин од четири месеци, пред натпреварите да продолжат во „балонот“ во Орландо.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски