Пендаровски: Локдаунот во Франција и Германија не е полициски час каков што ние имавме

Од:

Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност изјави дека во овој момент не се размислува за полициски час во онаков облик каков што имавме пролетта.

„Гледам дека станува прашање се поприсутно во јавноста околу националниот локдаун кои некои држави го најавија, и тоа луѓето го врзуваат со полицискиот час. Мораме да ги следиме прецизно обврските кои тие земји, Франција и Германија, ги најавија како први во Европа со тоа ниво на лимитирано движење. До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час како што имавме ние пролетта. Дури и она што се нарекува национален локдаун во Франција и Германија се однесува на ограничено движење од регион во регон“, појасни Пендаровски.

Тој вели дека полициски час со забрана за излегување од домовите во овој момент никаде не е на сила, ниту се размислува да се воведе кај нас.

Пендаровски смета дека е заблуда мислењето дека ако ние не го направиме тоа, ќе поминеме полошо со пандемијата.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ