ВИДЕО: Смрт во живо – Американец се снимал додека пие и вози, па се забил во пикап и убил тројца сопатници

Од:

47-годишен жител на американската држава Тексас пред неколку дена предизвикал сообраќајна несреќа во која загинале тројца негови сопатници, а самиот тој и возачот на возилото во кое удрил се во критична состојба.

Човекот по име Камило Морехон вклучил видео во живо на Фејсбук во понеделникот наутро, додека заедно со сопатниците во автомобилот, очигледно пијани, се возеле по автопат во предградието на Хјустон, Џерси Вилиџ, пиејќи пиво.

На снимката, која е објавена неколку дена по несреќата, забележани се буквално последните минути од животите на тројцата загинати во сообраќајката, идентификувани како Леосвејка Гонзалес, која го снима видеото и му била девојка на Морехон, Масел Родригез и Рикардо Родригез-Тамајо.

Во еден момент од видеото е забележано како Морехон им кажува на сопатниците дека тој подобро вози отколку што пие.

Според видеото во живо на Фејсбук, тоа е објавено во 7:46 часот, а полицијата соопшти дека сообраќајката се случила само седум минути подоцна, во 7:53. Морехон, возејќи преку 140 километри на час, се забил во пикап, кој се исклучувал од автопатот кон бензинска станица. Возачот на пикапот е во критична состојба со повреди на мозокот и скршена рака, додека и самиот предизвикувач на несреќата се наоѓа во животна опасност.

Доколку закрепне од тешките повреди, Морехон се соочува со обвинение за три убиства од небрежност со моторно возило управувано под дејство на алкохол и еден напад со моторно возило под дејство на алкохол, откако било утврдено дека во крвта имал 1.68 промили, соопшти локалното Обвинителство.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски