ЕУ нема да се меша во спорот меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално, Европската Унија не може да се меша во односите меѓу земја членка и земја кандидат, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, одговарајќи на новинарско прашање за спорот меѓу Македонија и Бугарија.

„Овој Берлински процес е навистина нешто посебно, со оглед на тоа дека има двајца копретседавачи, земја членка и земја кандидат за член. Важноста на Берлинскиот процес е многу поважна од агендата, тој е поддршка за Западниот регион. Берлинскиот процес е многу важен за довербата во регионот. Ние сега сме концентрирани на берлинскиот процес и да покажеме на цела Европа дека можеме да направиме нешто успешно“, рече амбасадорката.

Според македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Бугарија е сериозен спонзор на европската иднина на регионот.

„Со бугарските копретседавачи работевме напорно и покрај тоа што пандемијата ни ги наруши сите планови и целата агенда. Тука сакам да објавам дека се усогласивме пред само недела дена на текстот за план за создавање на заеднички регионален пазар“, изјави Османи.
Според Османи, тоа е пресвртница во регионот и ќе ја зголеми атрактивноста на пазарот.

Амбиција на овој процес е регионот да биде послободен за движење на луѓето и услугите.

„Од нас зависи да ги свртиме работите во наша полза заедно со државите од регионот“, изјави бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој на денешниот настан не сакаше да ги коментира македонско-бугарските односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум