Три жени починаа од Ковид-19 на штипското Инфективно одделение

Од:

Три жени починаа поради компликации од коронавирусот на Инфективно одделение во Клиничката болница во Штип.

Портпаролот на болницата, Марина Шуманска, вели дека две пациентки се од Кочани, а една од Делчево и дека биле на возраст од 49, 61 и 81 година.

Изминатите 24 часа на ова одделение се лекуваат 54 пациенти, со што останат е слободен само еден болнички кревет. Изминатата недела на ова одделение се примаат пациенти во тешка состојба, а денеска таму на кислородна поддршка се над 20 пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека ангажирани се и лекарите од интернистичките гранки, како и од останатите одделенија, кои им помагаат на двајцата инфектолози и на медицинскиот персонал. Во меѓувреме поради напливот на пациенти се одложи и реконструкцијата на Инфективното одделение, кое преку европски проект од Програмата за Меѓугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија ќе добие нови прозорци, фасада и рампа за лицата со инвалидитет.

-Имаме две опции, едната е да бараме официјално одложување на проектот, а втората е реконструкцијата да се реализира по монтирањето на модуларната болница за ковид пациентите. Средствата треба да се искористат до јуни 2021 година. Се надевам дека напролет во рок од еден месец ќе се реализира овој проект, вели Ѓеорѓијев.

Проектот за реконструкција на штипското Инфективно одделение чини околу 200.000 евра, а фирмата е избрана во март, но засега не може да почне со градежните активности.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски